Планинар од Македонија го загуби животот на планината Олимп во Грција, откако паднал во провалија, веројатно затоа што претходно му се слошило.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за група од околу девет лица од нашата земја, кои планинареле на Олимп, на мажот или му се слошило или добил срцев удар по што паднал во провалија, а обдукцијата дополнително ќе ги утврди точните причини за смртта.

Телото од провалијата, најверојатно го извлекле планинарите кои биле заедно со него.

Во пренесувањето на телото од местото на несреќата во планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“, што се наоѓа на надморска височина од 2.100 метри интервенирале 14 пожарникари припадници и на специјалната спасувачка единица и на противпожарната служба од Литохоро.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2019 16:20