Околу триста стари гуми попладнево се запалени во селото Костурино, кај Струмица, информираат од Територијалната противпожарна единица.

-Пожарот го пријавил сопственикот на гумите, кој се сомнева дека му се намерно запалени, рече командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Тројца пожарникари го гаснеле пожарот со едно противпожарно возило, а интервенцијата траела 2 часа.

Не е дозволено пожарот да ја зафати блиската нискостеблеста шума, а по интервенцијата огнот е целосно изгаснат.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2019 00:40