Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 46 годишна жена која ја задави мајка си во скопски Карпош, за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетата по расправија ноќта меѓу 1 и 2 август, при вршење семејно насилство, со насилно задушување ја лишила од живот сопствената 74-годишна мајка.

Од ЈО информираат дека, поради постоење околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетата ќе се даде во бегство или дека ќе влијае врз сведоци и ќе се обиде да ги уништи трагите од кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2019 12:00