За време на викендов 38 возачи од Куманово управувале со брзина над дозволената, од сообраќај биле исклучени 14 возачи, од кои тројца возеле под дејство на алкохол, а единаесет управувале со возила пред да се стекнат со право за управување со моторно возило, информираше денеска СВР Куманово, по преземените мерки и активности.

Од сообраќај биле исклучени осум возила, информира кумановската полиција, бидејќи биле нерегистрирани. Санкциониран бил еден возач поради престигнување и еден поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило. Во текот на викендот се издадени 91 мандатен платен налог, 75 прекршочни платни налози, а осум возила биле подигнати со специјално возило „пајак“.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2019 13:40