Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово викедов спроведоа акциска контрола во која се опфатени мотоциклисти. При тоа прекршочни платни налози добиле 41 лице, информираат од канцеларијата за односи со јавност при СВР Тетово.
-При контролата вкупно се откриени 44 прекршоци од кои 12 за не носење на заштитна кацига, 19 за управување без возачка дозвола , осум за истечена регистрација и пет за измината осигурителна полиса, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Воедно во санкционирањето на прекршоците на еден од мотоциклистите му е одземена возачката дозвола, а четворица се писмено опоменати. а