Машкиот национален тим на Северна Македонија во одбојка, ја совлада Белорусија со 3:1 (по сетови 23:25, 25:19, 29:27, 25:20), што е прва победа за „жолто-црвените“ на европските првенства.

Македонските одбојкари веруваа во триумфот, и успеаја да испишат историја. Најзаслужен беше капитенот Никола Ѓорѓиев со 37 поен.

Во другиот денешен меч од групата во Љубљана, Русија без проблеми ја победи Финска со 3:0, па в среда Русите и Словенците ќе имаат директен дуел за првото место.

Утре (17:30 часот) во последниот настап од групната фаза, противник на избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ ќе биде домашната Словенија. Евентуална победа за Македонија ќе значи шанса за осминафинафинале, ко есепак ќе зависи од другите натпревари до крајот во Ц-групата.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2019 09:43