Организаторите на Гран-при Сингапур се загрижени за состојбата со животната средина во регионот пред трката од шампионатот во Формула 1. Шумските пожари во соседна Индонезија предизвикаа Сингапур периодично да се покрива со густ смог, што може да го загрози здравјето на учесниците и гледачите на Гран-при Сингапур овој викенд.

– Ние развивме план, договорен со сите страни, вклучително и Формула 1. Доколку поради смогот има проблеми со видливоста, закани по здравјето на јавноста или тешкотии во организацијата, ќе преземеме соодветни мерки и колективно ќе одлучиме што да правиме со Гран-прито, изјави претставникот на патеката „Марина Беј“.

Формула 1 „циркусот“ ќе се одвива во Сингапур претстојниот викенд, од 20-22 септември.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2019 12:52