Повредата на рамото го оддалечи лидерот на АТП листата Новак Ѓоковиќ од УС опен, а Србинот се уште не знае кога ќе може да се врати на терените.

Сепак, првиот светски рекет е оптимист и верува дека ќе може да се појави на турнирот во Токио.

– Ми треба барем уште една недела за да увидам како се одвива закрепнувањето а се надевам дека тоа ќе се случи брзо. Повредата беше посериозна отколку што мислев но би било идеално да можам да се натпреварувам на турнирот во Токио на 30 септември, истакна Ѓоковиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2019 15:17