За само една недела тетовската полиција за пребрзо возење евидентирала 167 возачи кои сега ќе се соочат со мандатни казни, прекршочни платни налози и писмени опомени. Карактеристично е што надвор од населено место казни има за 112 возачи, додека во населено место се 55.

-Засилените сообраќајно-контролни активности, се спроведоа во периодот од 9 до 15 август. Најголемиот број од пречекорувањата на брзината надвор од населено место биле за 50 до 70 километри на час, а од оние во населено место за 10 до 30 километри на час. Пребзото возење и натаму е најголема причина за сообраќајни незгоди, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во истиот период полициските службеници од сообраќајната полиција констатирано има и 20 други видови сообраќајни прекршоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2019 15:33