Во врска со наводите во некои медиуми за вклученост на 14-годишното девојче од Штип во мрежа на малолетничка проституција во земјава и во една земја во странство, началникот на Одделението за информации од јавен карактер во МВР Сузана Праниќ за МИА рече дека работат на случајот, но во интерес на истрагата не можат да соопштат детали.

Официјалната изјава од МВР е дека тие во координација со Јавното обвинителство и во соработка со Министерството за труд и социјална политика работат на случајот. Портпаролот на Министерството за труд и социјална политика Ирена Смијанска ни одговори дека детето е на безбедно место.

Деталите за овој случај ќе следат откако надлежните институции ќе завршат со целосната истрага бидејќи, како што велат нивни претставници, во моментов сè е на ниво на шпекулации што можат да наштетат на истрагата.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2019 00:31