Стопанственици од земјава, Косово и Албанија ќе имаат можност да ја продлабочат својата соработка на Регионалниот Б2Б настан во организација на Стопанската комора на северозападна Македонија што денеска ќе се одржи во Скопје.

На настанот, на кој се предвидени два панели „Олеснување на трговијата преку институционална соработка меѓу Северна Македонија, Косово и Албанија“ и „Можностите за соработка, инвестиции и заеднички пристап на регионалните пазари и пошироко“, панелисти ќе бидат директорите на царинските управи и претседателите на стопанските комори од трите земји.

Обраќање на отворањето на настанот, како што е најавено, ќе имаат премиерот Зоран Заев и министерот за економија Крешник Бектеши.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2019 10:16