Во организација на Европската канцеларија за борба против измама ОЛАФ, а со помош на Министерство за финансии, денеска во Скопје ќе се одржи конференција со посебен фокус на спречување измами „Поврзаноста помеѓу спречувањето измами и истрагите“.

Настанот, како што информираат од Министерството за финансии, е од големо значење бидејќи овозможува размена на искуства во делот на борба против измама при користењето на средства од Европската Унија.

Најавено е обраќање на генералниот директор на Европската канцеларија за борба против измама ОЛАФ, Виле Итала и министерката за финансии Нина Ангеловска.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2019 09:48