Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Г.Ф.(57) од Кичево и ДАШТУ „Тимони АБЦ“ ДООЕЛ Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

На 09.11.2018 во Кичево, полициски службеници и вработени во Управата за јавни приходи, при контрола во просториите на второпријавеното правно лице, утврдиле дека првопријавениот, како управител, во даночните пријави за 2017 и периодот од 01.01.2018 до 30.09.2018 прикажал данок на додадена вредност во износ намален за 343.066 денари и персонален данок на доход во износ намален за 277.331 денари.

Со ова, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист 620.397 денари на штета на Буџетот на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2019 16:44