Во Министерството за финансии денеска ќе бидат потпишани договорите за финасирање на изградбата на електронскиот систем за наплата на патарини долж Коридорот 8 и на автопатот Миладиновци – Штип.

На потпишувањето на договорите најавено е обраќање на министерката за финансии Нина Ангеловска, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, шефот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој Анди Аранитаси и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2019 10:29