Полицијата поднесе пријава против разбојникот кој летово изврши неколку кражби во Стариот дел на Охрид.

Според извештајот на полицијата, станува збор за В.С. (27) од Битола, кој е осомничен дека е сторител на вкупно седум казнени дела, од кои две „кражба“, три „тешка кражба“ и две дела „тешка кражба во обид“.

Со пријавата се опфатени уште две лица и тоа С.С. (49), како и Ѓ.Б. (47), исто така од Битола, поради сторени шест кривични дела „помагање“ и „поттикнување“.

Пријавениот В.С. казнените дела ги сторил во периодот од 11 август до 9 септември 2019 година, на улиците „Климентов универзитет“, „Кузман Капидан“, „Кочо Рацин“, „Кирил и Методи“ и „Нада Филева“ во Охрид, каде од повеќе куќи и апартмани одземал пари, мобилни телефони и други вредни предмети. За време на извршувањето на кражбите второпријавената С.С. вршела обезбедување и набљудување на просторот околу куќите, додека третопријавениот Ѓ.Б. со возило ги превезувал и ги чекал на договорени места.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2019 14:12