СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Ј.(33) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.
Во периодот од 08.06.2018 до 21.02.2019 пријавениот, како вработен во АД „Пошта на Р.С.Македонија“ – подружница Битола, во повеќе наврати, присвоил износ од 761.558 денари, кои што му биле доверени при извршувањето на работните обрски.
Со ова, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист за наведениот износ на штета на АД „Пошта на Р.Македонија“.