СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.С.(27) од Битола поради постоење основи за сомнение за сторени две кривични дела „кражба“, три дела „тешка кражба“ и две кривични дела „тешка кражба во обид“, против С.С.(49) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „помагање“ и против Ѓ.Б.(47) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „поттикнување“.
Во периодот од 11 август до 9 септември 2019, пријавениот одземал пари ,мобилни телефони и други вредни предмети од куќи и апартмани во Охрид.
За време на извршувањето на кражбите, второпријавената С.С. вршела обезбедување и набљудување на просторот околу куќите, додека третопријавениот Ѓ.Б. со возило ги превезувал и ги чекал на договорени места.