Во село Дражево во општина Ново Село синоќа целосно изгоре стара куќа, а пожарникарите не дозволиле пожарот да се прошири во околната шума.

-Куќата се наоѓаше во дел од селото каде беше оневозможен пристап на против пожарно возило. Дополнително е повикано теренско возило и е направен појас околу куќата за да се спречи ширење на пожарот во околната шума, информираат од Територијалната противпожарна единица Струмица.

Синоќа пожарот е изгаснат, а причинета е само материјална штета.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2019 11:07