Поволните движења во економијата продолжува и во третиот квартал, оценуваат од Народната банка во последниот месечна информација за септември 2019 година.

– Согласно објавените проценети податоци за БДП, домашната економска активност продолжи да расте и во вториот квартал на оваа година, со реална стапка на годишен раст од 3,1 отсто. Податоците за јули за индустриското производство и прометот во трговијата засега упатуваат на продолжување на поволните движења во економијата и во третиот квартал, наведуваат во информацијата објавена од Народната банка.

Остварената годишна стапка на инфлација во август оваа година изнесува 0,8 отсто и е пониска од очекуваната, додека во просек во првите осум месеци од годината просечната годишна инфлација изнесува 1,1 отсто.

Девизните резерви, како што се наведува, се во сигурната зона и бележат натамошен раст, при интервенции на Народната банка со откуп на девизи.

Последните оцени, според објавената информација на Народната банка, упатуваат на понеповолни изгледи за глобалната економија, за оваа и следната година.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2019 12:03