Кумановската полиција за време на викендот исклучила од сообраќај 64 возачи, од нив 29 возеле под дејство на алкохол, а 35 управувале возила пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, соопшти денеска СВР Куманово.
Полицијата, исто така, регистрирала и дека со поголема брзина од дозволеното возеле 21 возач.
СВР Куманово информира дека од сообраќај биле исклучени 24 возила, бидејќи биле нерегистрирани, а четири технички биле неисправни. Санкционирани биле и двајца возачи поради неправилно престигнување и по еден возач, поради недавање првенство на пешаци, не користење сигурносен појас и користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Во текот на изминатата недела издадени биле 195 мандантни платни налози, 101 прекршочен платен налог, а 89 возила биле подигнати со специјално возило „пајак".