Полицаец вработен во Полициската станица за граничен премин и гранична надзор Стрезимир вчера бил лишен од слобода поради сомнение дека ја злоупотребил службената должност.
Тој од странски државјани одзел 20 евра.
Според СВР Тетово, полициски службеници на СВР Тетово вчера (22 септември) околу 13 часот го лишиле од слобода А.Б. (50) од долнореканското село Јанче, откако претходно бил пријавен. Ден претходно, околу 16 часот и 20 минути, на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, полицаецот запрел патничко возило „киа" со охридски регистарски ознаки, што го управувал холандскиот државјанин П.В.Н.(61) и за наводен сообраќаен прекршок му одзел 20 евра.
Полицаецот се соочува со кривична пријава, а во ЦВР Тетово работат на целосно расчистување на случајот.