Во организација на Стопанската комора на Македонија денеска ќе се одржи панел-диксусија посветена на прашањата за недостигот од стручен кадар, причините за тоа, како и предлог-решенијата кои би можеле да помогнат за подобрување на состојбите во оваа област.

-Актуелните состојби поврзани со пазарот на труд долгорочно не гарантираат работна сила која може да одговори на потребите на македонските фирми. Постои неусогласеност на вештините и компетенциите на понудата со побарувачката на работна сила, образованието е нефлексибилно во однос на потребите на бизнисот, а миграциската политика и одливот на кадар од државата дополнително придонесуваат за недостиг на стручен кадар по мерка на бизниост, оценуваат од Стопанската комора на Македонија.

На панел-дискусијата што ќе се одржи во просториите на Стопанската комора на Македонија, ќе учествуваат Бранко Азески, претседател на Стопанската комора, проф. д-р Никица Мојсовска Блажевски од „Македонија 2025“, Ирена Јакимовска од „Комфи Ангел“ Прилеп, и други еминентни претставници на бизнис-заедницата и стручната јавност.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2019 11:15