Во организација на Националната Асоцијација на иноватори на Македонија (NAIM), денеска во Скопје, ќе биде отворен Третиот Меѓународен саем на пронајдоци, иновации и нови технологии „ИНОВАМАК 2019“.

На тридневната саемска манифестација што ќе се одржува во Домот на АРМ – Скопје, учество ќе земат над 100 иноватори од повеќе од 20 држави, како и студенти од Машинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Помеѓу гостите на саемот се и генералниот директор на Светска Федерација на иноваторски асоцијации – IFIA, Хусеин Хујиќ, проф. д-р Зенгпеи Ксуан од Асоцијацијата на иноватори од Народна Република Кина, како и амбасадорот за СТЕМ образование и менаџер на работната мрежа за млади во IFIA, проф. Винфрид Штурм.

На прес-конференцијата по повод отворањето на саемот ќе се обрати потпретседателот на Националната асоцијација на иноватори Мирко Узелац.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2019 11:21