Во организација на Асоцијацијата на метална и електроиндустрија МАМЕИ и делегацијата на германското стопанство во Македонија, денеска и утре ќе се одржи третиот Саем за лесна индустрија – „Macedonia Manufacturing Expo 2019“.

На настанот ќе учествуваат 100 компании производители, 33 компании купувачи и 15 директни странски инвестиции. Покрај домашните компании, ќе учествуваат и претставници на компании од Германија, Холандија, Јапонија, Грција, Словенија, Србија, Албанија и од Косово.

Саемот ќе го отворат Марта Наумова Грнарова, претседателка на МАМЕИ, и директорот на делегацијата на германското стопанство во Македонија, Патрик Мартенс. Најавено е обраќање и на министерот за економија Крешник Бектеши, Арбен Вила, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, заменик-амбасадорот на Холандија, Андри ван Менс, и директорот на УСАИД, Едвард Гонзалес.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2019 10:10