Македонија е меѓу државите во Европа во кои кампувањето е најевтино, се наведува во судијата објавена од специјализираниот британски туристички сајт www.outandaboutlive.co.uk.

Во студијата, со која се опфатени околу 23.000 кампови ширум Европа, се наведува дека земјава е во група заедно со Романија, Турција, Албанија и Молдавија, каде може да се преноќи во камп за помалку од 13 британски фунти (14,69 евра).

Инаку, најевтина земја за кампување во Европа, според студијата, е Белорусија, каде ноќевање во камп чини 10,06 фунти (11,37 евра).

Од друга страна, ноќевањето во камп е најскапо во Швајцарија – 32,38 фунти (36,59 евра), по што следуваат Италија – 32,23 фунти (36,44 евра), Хрватска – 30,66 фунти (34,65 евра) и Шпанија – 29,91 фунти (33,80 евра).



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2019 12:36