Само неколку часа откако се појавија шпекулации дека Златан Ибрахимовиќ наскоро ќе се пресели од Лос Анџелес галакси во Бока јуниорс, со демант се јави неговиот менаџер, Мино Рајола.

Италијанскиот агент негира дека неговиот клиент ќе се пресели во Аргентина. Договорот на Швеѓанецот истекува на крајот на годинава.

– Никогаш не сум го понудил Златан на Бока, или на кој било друг клуб. Потполно се неточни тие вести, рече Рајола.

Популарниот Ибра во кариерата играше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер јунајтед, сега е во ЛА Галакси.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2019 21:35