Прогнози и очекувања за развојот на македонскиот пазар на електрична енергија, негова интеграција во регионалниот пазар, новите трендови во Југоисточна Европа, искуствата на земјите од регионот во развојот и интеграцијата на пазарите на електрична енергија, се темите на меѓународниот семинар што ќе се одржи денеска во Скопје во организација на „Енергетика.НЕТ“ од Словенија.

На конференцијата ќе учествуваат претставници на МЕПСО, Националниот оператор на пазар на електрична енергија МЕМО, ЕВН, РКЕ, претставници на берзите за електрична енергија од Словенија, Бугарија и Грција, претставници на албанскиот електропреносен систем оператор ОСТ, менаџери и претставници на компании за тргување и снабдување со електрична енергија од земјава и од соседството.

Семинарот е со работен наслов „Што е ново на пазарите на електрична енергија во земјите на Југоисточна Европа“.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2019 11:04