Стопанската комора на Македонија имајќи предвид оти единствено комбинацијата од практични и теоретски знаења дава сеопфатно образование како стратешки партнер директно учествува во спроведувањето на практичната обука која се реализира во компаниите. Посветеност во развојот и унапредувањето на практичната обука резултираше со вклучување на Комората во Европската алијанса за практикантство, платформа управувана од Европската комисија во тесна соработка со социјалните партнери на ЕУ, соопшти денеска Стопанската комора на Македонија.
Целта на Европската алијанса за практикантство е да ги здружува носителите на политики со други клучни засегнати страни, како деловни здруженија, индивидуални компании, социјални партнери, комори и даватели на услуги во насока на соработка и споделување добри практики за успешна реализација на практикантството, зајакнување на квалитетот, имиџот и мобилноста на практикантите во Европа.
Членството на Комората во Европската алијанса на практиканство беше промовирано и на Регионалната конференција на земјите од Западен Балкан и Турција, што се одржуваше во Скопје, на тема „Вклучување на малите и средни претпријатија во учењето преку работа.
Во оваа алијанса досега се зачленети 36 земји, од кои 27 земји се членки на ЕУ и 294 засегнати страни. Од земјите на Западен Балкан вклучени се сите пет кандидатки членки – Албанија, Црна Гора, Македонија, Србија и Турција.