Раст на прометот од 5,6 отсто номинално и 3,6 отсто реално е забележано во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во август годинава во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.

Прометот на мало со непрехранбени продукти освен гориво има раст номинално од 18 отсто, а реално за 18,1 отсто и кај трговијата на мало, освен со горива номинално раст за 11,6 отсто, а реално за 10,7 отсто.

Намалување на прометот е забележано во групата трговија на мало, со автомобилски горива и тоа номинално за 8,4 отсто, а реално за 4,1 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2019 20:33