Напредокот во осигурителната технологија може да донесе профит и придобивки за сите во македонската осигурителната индустрија, порача Кофи Бенделак, главен извршен директор на „Insurtech Israel“ на конференцијата посветена на дигитализација во осигурителниот сектор „INSURTECH Skopje 2019“ што денеска се одржа во Стопанската комора на Македонија во коорганизација на Агенцијата за супервизија на осигуривањето.

Тој посочи дека на конференцијата се присутни многу претпиемачи и стартапи и оти се дојдени тука за да ги слушнат нивните презентации. Нагласи дека има чувство оти македонската осигурителна индустрија ќе има големи промени во годините што следат.

-Сметам дека осигурителната технологија во Македонија е мошне активна во последниот период, исто како и Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Напредокот во оваа технологија може да им донесе профит и продобивки за сите во оваа индустрија, изјави Бенделак на паузата на конференцијата.

Во Израел, потенцира, има илјадници стартапи и ги организираме како заедници за да си помогнат сами на себе и полесно да се пробијат на пазарот.

-Имаме дваесетина компании кои се занимаваат со осигурителна технологија и се мошне поврзани со заедницата која им дава можност да одат понатаму и да напредуваат. Стартапите не ги финансираат осигурителните компании, туку се само нивни кленти. Финансиите доаѓаат од компании како нас, а не од осигурителните компании, бидејќи доколку ги финасира некоја осигурителна компанија не ќе може да соработуваат со останатите осигурителни компании, рече Бенделак.

Претседателот на Агенцијата за супервизија на осигурување Климе Попоски посочи дека како регулатор само сакаат да направат поволна регулаторна рамка за да може секој да го најде својот интерес и оти создаваат платформа за комуникација помеѓу осигурителните компании во земјава и стартапите.

-Дали ќе инвестираат осигуртелните компании или стартапите ќе бараат приватни инвеститори тоа е работа на бизнис модел помеѓу нив, рече Попоски.

Посочи дека дел од конференцијата ќе биде посветен на девет стартап компании кои ќе промовираат свои идеи за дигитални решенија во осигурителнат индустрија.

-Тоа ќе биде одлична можност за нивно промовирање, а за осигурителните компнии, пак, да разгледаат можности за инвестирање и поддршка на стартапите кои ќе помогнат во подобрување на работните процеси во друштвата за осигурување. На конференцијата како говорници се присутни и познати експерти од светот на Insurtech, додаде Попоски.

Конференцијата е псоветена на употребата на технолошки иновации дизајнирани за да ги зголемат заштедите и ефикасноста прифатена од компаниите од осигурителниот сектор, како и за користење на предностите на новите технологии со цел обезбедување покриеност на дигитално позната база на клиенти.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2019 13:35