Градежната дејност е од непроценливо значење за развојот на секоја економија. Градежништвото учествува со преку 30 проценти во Бруто домашниот производ, вработува над 40 илјади работници, а поддржува уште 36 други стопански гранки. Оттаму важноста да создаваме услови за континуитет на градежната експанзија во земјата, но притоа мора да понудиме нови знаења, нови норми и методи кои ќе ги пролагодима на домашната легислатива, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на 18. Симпозиум што во организација на Друштвото на градежни конструктори на Македонија се одржува во Охрид.

– Пред нас е време кога се наопходни рефори за да може да воведеме високо ниво на преофесионалност и стандардизација на прописите и нормите. Верувам дека имаме иста цел, а тоа е да ја прилагодиме легислативата на новите научни предзивици, да изработиме закони и подзаконски акти што ќе бидат поедноставни и поефикасни за спроведување, а ќе обезбедат просторен развој и нови инвестиции, рече Сугарески.

Владата по ова прашањето, како што дополни, се раководи во насока на креирање нови законски решенија од кои се очекува да ги олеснат процедурите за работа на сите субјекти.

– Веќе е изаботен новиот закон за урбанистичко планирање и тој се наоѓа во собраниска процедура. Во оваа фаза се доработуваат сите измени на предлогот, бидејќи за првпат се постигна толкава транспарентност во изработката во кој без вклучени сите релевантни институции, професионални здруженија, комори и невладиниоит сектор, рече Сугарески повикувајќи ги субјектите да интервенираат со секој дел каде има потреба со свои предлози и видувања, со цел создавање законско решение што ќе ја унапреди градежната дејност.

Ресорното Минстерство, укажа, активно работи и на процесот на воведување на еврокодовите, како значајни нормативи што произлегуваат од потребата за прилагодување на националното законодавство кон Европската регулатива.

Претседателот на Друштвото на градежни контруктори на Македонија, Мери Цветковска нагласи дека собирите како овој во Охрид се добра можност да се собере научната и стручната фела од земјата и регионот, која, пред се, ќе дискутира за проблемите во градежништвото.

– Годинава имаме тема што е мошне актуелна и буквално се поклопува со проблемите што ги имаме во градежништвото, а тоа е следење на конструкциите, процена на нивната состојба и дефинирање на потребите за нивна санација, рече таа.

На Собирот во Охрид ќе бидат презентирани над 170 трудови од учесници од 18 држави. Учесниците на Симпозиумот вела дека на средбите ќе најдат одговори на многу прашања, а стекнатите знаења ќе можат да ги применат во решавање на сите проблеми со кои се соочува областа.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2019 14:44