Владата денеска ќе одржи редовна седница на која меѓу другото ќе ја разгледа информациајта за склучување договор со Република Грција за изградба на интерконективен гасовод меѓу двете држави.

На седницата Агенцијата за млади и спорт пред министрите ќе ги презентира измените на Програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за 2019 година, како и информациите за реконструкција на градските фудбалски стадиони во Велес и Кавадарци.

Министерството за економија за оваа седница го предлага на усвојување Предлог – законот за енергетска ефикасност, а Министерството за правда Предлог – законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците.

На денешната, 156-та седница, Владата ќе го разгледа предлогот за формирање на Национален совет за сајбер безбедност, на предлог на Министерство за информатичко општество и администрација.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2019 15:43