Допаминот е главната хемикалија за предизвикување на т.н. “задоволство” во мозокот што е единствен невротрансмитер одговорен за зголеменото ниво на ментални и физички процеси.

Со искуството да научите како да го стимулирате нивото на допамин природно во вашето тело, може да ја надвладеете депресијата, нервозата, апатијата и стравот, додека поттикнувате чувства на задоволство создадени од овој неверојатен неурон..

Допаминот е тој кој што не наградува на некој начин во одредени наши навики кои ги правиме, за повторно и повторно истите да ги правиме и причина зошто некои опојни дроги создаваат зависност.. Кокаинот, хероинот и други опијати предизвикуваат допаминска “супер награда” што ја прави нивната употреба крајно пожелна се до моментот кога доживувате допамински крах кој се појавува кога опојната дрога се отргне од психологијата на консументот.

Опијатите се врзуваат за пооделни рецептори во мозокот, кои што го зголемуваат колочеството на ослободен допамин, но штом ги снема , се појавува уште посилна потреба од опијат кој што ќе предизвика излачување на исто толку високо ниво на допамин..

Ова е тоа што предизвикува зголемена потреба за опијати кај човекот се до наредниот “фикс”.

Исто така покренуваме помали допамински афекти во нашиот мозок со т.н. помалку деструктивни однесувања споредено со дрогата. Станува збор за однесувања кои се нашироко познати во јавноста како: коцкање, правење пари, сексуални односи, дури и победување во видео игра… Но исто така постојат бустирачки допамински активности кои може да го зголемат нивото на овој невротрансмитер на задоволството, без да создадат зависност.

Допаминот несомнено е особено важен за нашата општа добра состојба и среќа. Без високи нивоа на допамин, тежнееме кон депресија, тага, збунетост, страв, негативни мисли и други емотивни препреки.

Во продолжение се посочени 100% природни начини за зголемување на вашите нивоа на допамин:

1.Вежбање

Вежбањето го подига нивото на D2 рецепторите на допамин во мозокот. Исто така паралелно го зголемува нивото на серотонин и други ендофини во телото. редовно вежбање може да помогне во справувањето со депресија, го намалува стресот и го зацврстува умот исто така како што го зајакнува телото.

2. Направете листа на цели и прецртувајте ги постигнатите задачи што си ги имате поставено.

Мозокот ослободува мала количина на допамин секогаш кога успешно завршиме некоја задача. За да постигнете повеќе “удари” на допамин, големите задачи расчленете гио на помали и една по една совладувајте ги. Оваа навика исто така има тенденција да ве одржува во форма за постигање на цели и чистење на менталниот замор во мозокот.

Принципите за сопствен менаџмент истакнуваат дека ако задачата која си ја имате поставено претставува промена од 25% (или повеќе) во вашата дневна рутина, ќе почуствувате ненаклонетост кон нејзино завршување и ќе завршите саботирајќи се себеси или откажувајќи се во однос на постигање на целта. Спротивно на ова, правењето на мали промени (околу 10%) овозможуваат да туркате напред во совладувањето на целта и притоа ова го зголемува вашето задоволство.

3. Консумирање на храна за зголемување на допаминот.

Основната амино киселина-тирозинот е прекурсор за допаминот. Со консумирање на храна која што содржи тирозин, можете природно да го зголемите нивото на допамин. Тирозинот се наоѓа во следните намирници:

-Јајца

-Зелен чај

-Млеко

-Кафе

-Лубеница

-Бадеми

-Банани

-Темно чоколадо

-Јогурт

4.Намалете ги вашите липополисахариди

Ова е голем збор но во основа тоа е ендотоксин кој што предизвикува вашиот имунолошки систем да полуди. Липополисахаридите исто така го инхибираат создавањето на допаминот. Со консумирање на храна која што ги штити цревата, како што е кефирот, јогуртот и други пробиотици можете да го намалите вашиот липополисахариден механизам на продукција и да овозможите полесно создавање на допаминот.

5. Прочистување (Детоксификација)

Кога сме кај темата за прочистување на вашето тело, неопходно е ретовно прочистување. Акумулацијата на премногу токсини во вашето тело може да спречи создавање на допамин. Постојат повеќе начини за прочистување, од оној со користење на зелени сокови, до земање на активиран јаглен. Колку помалку сте непрочистени, толку повеќе вашето ниво на допамин ќе порасне.

6. Слушање на смирувачка музика

Еден од најлесните и најбрзи начини да добиете соодветна доза на допамин во мозокот е со слушање на музика. Музиката создава моментални врвови на емоции што се вели дека вашиот мозок “пее”.

Музиката му помагала на човештвото да се осеќа покренато т.е. возвишено уште од најдамнешни времиња.

7.Стани креативен

Не е важно дали ја искажувате вашата креативност преку уметност или изработки или пишување на цела симфонија. Секаква креативна работа го зголемува нивото на допамин. Танцувајте, пишувајте поезија, згответе нешто ново… и бидете наградени со зголемено ниво на допамин.

8. Медитација и Јога

Медијацијата и јогата можат ефективно да да ги контролираат механизмите на мозокот, што овозможуваат поголеми ослободувања на допамин.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2019 21:21