На предлог на Министерството за финансии, со цел понатамошно зајакнување на фискалната дисциплина и подигањето на свеста на граѓаните за задолжително барање и земање на фискални сметки, на вчерашната седница на Владата е усвоена информацијата за организирање наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“.

Мерката, како што соопшти владината прес – служба, ќе генерира дополнителни приходи за граѓаните, а ќе ја спроведува Државната лотарија на Република Северна Македонија, како овластено трговско друштво во целосна сопственост на државата, во соработка со Министерството за финансии и Управата за јавни приходи.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2019 12:09