Германското пензиско осигурување организира советодавни денови во Македонија, на кои сите заинтересирани лица преку индивидуален разговор може да добијат информации во врска со германското и македонско пензиско право.

Советодавни денови ќе бидат организирани во Скопје на 5 ноември 2019 во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и во Струмица на 6 ноември во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Учесници на советодавните денови се Германско пензиско осигурување Bayern Süd, Сојузното германско пензиско осигурување и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ФПИОМ).



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2019 13:05