Министерството за економија во текот на вчерашниот ден го објави списокот со имињата на добитниците на субвенции за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци кои што аплицираа за добивање на околу 25.000 денари државна помош.
Министерството за економија соопшти дека согласно измената на Програмата, Владата одобрила дополнителни средства во износ од 14.700.000,00 денари за субвенции за ПВЦ и алуминиумски прозороци, што значи дека комисиите продолжуваат и понатаму со разгледување на барањата се до исцрпување на предвидените финансиски средства.
Единствен услов кој треба да биде исполнет ПВЦ и алуминиумските прозорци да биле купени и инсталирани во периодот од 17-ти мај до 30-ти јуни 2019 година.
На овој линк е објавена листата на доделени субвенции.