Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска и утре ќе престојува во Виена, каде што ќе има работни средби и панел дискусија со претставници на австриски компании.

На средбите, како што соопшти владината прес-служба, ќе се дискутира за економскиот развој и инвестицискиот потенцијал во државата во организација на Мрежата за бизнис развој на Југоисточна Европа (South-East European Business Development Network, SEEBDN).

Во делегацијата се и вицепремиерот задолжен за економски прашања и за координација со економски ресорси Кочо Анѓушев и министерот за здравство Венко Филипче.

Премиерот Заев утре ќе учествува на панел дискусија организирана од австрискиот Карл – Ренер Институт и Фридрих Еберт фондација за ЕУ перспективите на Република Северна Македонија и домашните реформски процеси.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2019 13:30