Конференција на тема „Осигурување на побарувањата и придобивки за компаниите“ ќе се одржи денеска во Стопанската комора на Македонија.

Целта на конференцијата е издигнување на јавната свест за значењето на осигурувањето на побарувањата и како ненавремено наплатено побарување може да предизвика неликвидност, проблеми со планираните парични текови, пролонгирање во остварувањето на зацртаните планови, како и финансиски импликации од можни кредитни линии за привремен излез од таа состојба.

На конференцијата ќе бидат презентирани актуелните случувања од областа на осигурувањето на побарувањата, неговото значење и придобивките за компаниите, но и како функционира во земјата, регионот и во други европски земји низ примери од практиката.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2019 10:53