На пролет, повеќето луѓе ги забележуваат масните наслаги кои им се наталожиле во текот на зимските денови, и секогаш го поставуваме прашањето како да се ослободиме од целулитот?
Повеќето жени имаат целулит на одредени делови од телото, но тоа и не е толку трагично бидејќи и светските модели имаат целулит. Потребно е да знаете дека не постои диета која што целосно ќе го отстрани целулитот на вашето тело. Добра вест е што можете да ги намалите масните наслаги од вашето тело, а со тоа ќе се намали и целулитот кој го имате.
Целулитот е маст кој што е лоцирана на еден или повеќе делови од телото, некои имаат повеќе, а некои помалку (зависно од генетиката). Жените често имаат повеќе целулит од мажите.
Потребно е да презете чекори за подобрување на вашето здравје и да ја намалите количината на маснотии кои што ги имате во вашето тело.
Чистењето на телото и отстранување на вишокот на токсини од телото може да го подобри вашиот изглед на кожата и да го намали целулитот. Затоа треба да се внимава каква храна внесуваме.
Препорачана храна:
- Безмасно месо и риба
- Свежо овошје и зеленчук
- Сирење без маснотии
- Обезмастено млеко
- Безмасен јогурт
Храна што може да ја јадат слаби луѓе:
- Тесто
- Ориз
- Јајца
- Шеќер
- Полномасно млеко
- Пченка и маслиново масло
- Интегрален леб
Забранета храна:
- Алкохолни и газирани пијалоци
- Конзервирана храна
- Масно месо
- Масно сирење
- Суво овошје
- Чоколадо и какао
- Димен лосос
- Сувомеснати производи
- Мајонез
- Животинска маст