Претседателот на Управниот одбор на Меѓународниот економски форум „Перспектива“, Винко Чуро по завршувањето на Светскиот конгрес на претприемачи, што се одржа во Скопје, истакна дека се поголем број претприемачи од Западен Балкан сметаат дека претприемништвото треба само да се финансира.

– Се е поголем бројот претприемачи сметаат дека претприемништвото треба само да се финансира. Значи да почнат да работат, да дејствуваат, да создаваат нова вредност и низ создавањето на нови вредности и заработката да опстанат и да се развиваат, не други да ги финансираат. Се поголем број претпримачи во регионот смеетаат дека не е во ред државата да зима од сите, а на некои да дава. Самото поттикнување на старт ап и на младите претприемачи е ок, но помагањето на претприемачи кои веќе имаат претприемачки стаж од пет, 15 или 20 години, претприемачите сметаат дека не е во ред бидејќи тоа ја нарушува слободата на пазарот, го крши принципот на конкурентност и ги доведува едните во однос на другите во нерамноправна положба, нагласи Чуро.

Тој посочи дека претприемништвото треба да се развива врз здрави односи, со самофинансирање, со создавање нови вредности и со создавањето на тие нови вредности, црпење на финансиски средства за понатамошен и одржлив развој.

– Она што се разликува во претприемништвото во Македонија во однос на некои развиени земји, е сепак фактот што Македонија не е членка на Европската Унија, стандардите во тие сегменти и економските и претприемачките па севкупно и општествените, не се на тоа ниво. Не е систематски работено на тоа и тука е шансата и очекувањата за Македонија дека во наредните години, со воспоставување на одреден систем, кој во моментов недостасува, односно подобар систем што во моментов недостасува, да добие шанса и за развој на претприемништвото, потенцираше Чуро.

Претседателот на Македонската академија на науки и уметност (МАНУ) Таки Фити посочи дека главен проблем за македонското претприемништво е недоволната иновативност.

– Се уште не можеме да бидеме задоволни од иновативноста на малите и средните претпријатија. Претприемништвото по дефиниција претставува иновативност. Немате претприемништво без иновации и нема иновации без претприемништво. Ние имаме и тука напредок, се повеќе фирми стануваат иновативни, веќе се иновативни, но тоа е 12 процентни поени под европскиот просек. Значи уште многу тука треба да работиме. Треба да се работи на владината поддршка на малите и средни претпријатијам заклучи Таки Фити.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2019 16:08