Во Скопје денеска ќе се одржи штафетна трка за тимови од македонскиот бизнис сектор во организација на здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.

Стартот е закажан во 11 часот на рекреативната патека на кејот на Вардар кај хотелот „парк“, а целта е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење меѓу компаниите и јакнење на тимскиот дух меѓу вработените.

Трката ќе биде штафета со четири измени, а тимовите треба да бидат во мешан машко-женски состав. Патеката е долга осум километри, односно секој учесник ќе треба да истрча по 2.000 метри.

Најбрзите три тимови ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција.

Минатата година најбрз беше тимот на Министерството за финансии, втор беше тимот на НЛБ Банка, а третото место го освои екипата на Телеком.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2019 10:03