Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 114. седница на чиј дневен ред е Предлог законот за изменување на Законот за данок на добивка, по скратена постапка, поднесен од пратеници од парламентарното мнозинство.

На деневен ред се и предлог законите за класифицирани информации и за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, двата во прво читање.

Пратениците ќе расправаат и за Посебниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за претседателските избори и предвремените избори за градоначалник на Охрид, Ново Село и Дебар.

На дневен ред на седницата е и Предлог одлуката за основање на Анкетна комисија за утврдување на прекршувањето на законите и злоупитребите во работењето на СЈО, поднесена од група пратеници од опозицијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2019 09:59