Напаѓачот на Манчестер сити, Рахим Стерлинг, по победата (5:0) над Аталанта во натпреварот од 3. коло во Лигата на шампионите, истакна дека го чека следниот натпревар. На оваа средба Англичанецот забележа хет-трик.

– Се чувствувам најдобро и со нетрпение го очекувам следниот меч. Денес дизајнирав хет-трик и сега го чекам викендот кога, се надевам, ќе имам шанси што ќе ги искористам. Тоа е тоа што јас го живеам сега. Овој натпревар помина, почнувам да ја чекам следната шанса, истакна Стерлинг.

Манчестер сити речиси да го обезбеди пласманот во следната фаза од Лигата на шампионите, бидејќи по три кола има максимални девет бода во Ц-групата.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2019 11:49