Квалификациите за Светското првенство во футсал, почнаа лошо за македонската репрезентација, со пораз на домашен терен од 1:6 против Словенија.

Во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, нашите репрезентативци поведоа со 1:0, но потоа гостите беа многу подобри и направија пресврт до крајот на првото полувреме, додека во вториот дел само ја зголемија предноста, и извојуваа победа.

Во вториот натпревар од групата, Украина го надигра Косово со 7:1. Утре од 17.30 часот, македонската репрезентација има дуел со Косово, а последниот меч за „црвено-жолтите“ е в недела од 17.30 часот против Украина.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2019 00:31