ФК Лос Анџелес го совлада Лос Анџелес Галакси со 5:3 во полуфиналето на Западната конференција на МЛС лигата. Тешкиот пораз значи дека екипата на Златан Ибрахимовиќ испадна од борбата за титула. Тоа беше прв успех за ФК Лос Анџелес над нивниот градски противник.

Карлос Вела ги предводеше „златно-црните“ со два погодоци, но по паузата намали Павон. После тоа, Ибрахимовиќ израмни, но брзи два гола на Роси и Диоманде го направи резултатот 4-2. Галакси успеа преку Мартинез намали, но новиот гол на Диоманде на десет минути пред крајот стави крај на спорот.

Така, ФК Лос Анџелес ќе се сретне со Сиетл Саундерс во финалето на Западот на 29-ти октомври. Во Источната конференција ќе се соочаат шампионите Атланта Јунајтед и Торонто ФК на 30-ти октомври.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2019 12:26