Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер се надева на силна игра на неговиот тим во натпреварот во Премиер лигата против Норвич во недела.
– Се надеваме дека ќе ги запреме затоа што тие секогаш играат силно на „Кероу Роуд“. Тие покажаа многу храброст на нивниот натпревар против Ливерпул. Тие беа храбри и играа во свој стил. Ова им даде добри резултати против Њукасл и Манчестер Сити. Нивната филозофија е јасна. Ние мора да се подготвиме добро за нив. Може да бидеме свежи затоа што мора да го покажеме најдоброто, за да имаме шанса да победиме, изјави Солскјаер за медиумите. Вчера, Јунајтед победи со 1-0 на гостувањето кај Партизан во натпревар од групната фаза во Лигата на Европа. „Црвените ѓаволи“ се рангирани на 14-то место во Премиер лигата со само 10 бода, додека Норвич е со 7 поени на 19 место.