Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ не брза да одлучи каде да ја продолжи кариерата.

Триесет и осум-годишниот Швеѓанец разговараше со новинарите по елиминацијата на неговиот тим во плеј-офот во МЛС Лигата.

– Остануваат уште два месеци од договорот. Ќе видиме што ќе се случи после тоа. Ако останем во МЛС тоа ќе биде добро, затоа што првенството ќе го гледа целиот свет. Ако заминам, никој нема да се интересира за МЛС, прокоментира Ибрахимовиќ во негов типичен стил.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2019 14:47