Велшкиот фудбалер, Герет Бејл, кој го носи дресот на Реал Мадрид, пред 12 дена се здоби со повреда, и од тогаш нема играно, а не постои никаква официјална информација за тоа каква повреда има крилото на Реал.

Бејл се повреди на мечот против Хрватска, на истата средба се повреди и Лука Модриќ, но клубот од Мадрид објави детали за повредата на Хрватот, а не и за Велшанецот. Бејл не настапи на гостувањата кај Мајорка и Галатасарај, а бидејќи не се знае од каква природа е повредата, не се знае ниту кога ќе се врати на терен.

Реал викендов е слободен, бидејќи „Ел Класико“ против Барселона беше одложено за 18 декември. Следниот меч на Реал е против Леганес, но поверојатно е дека некогаш најскапиот фудбалер на светот, ќе се врати на терен на 2 ноември, против Бетис.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2019 10:48