Македонскиот национален тим во футсал, вечерва во „Јане Сандански“ загуби од Косово со 5:7, и со тоа го претрпе вториот пораз во претквалификациите за Светското првенство во Литванија 2020 година.

Во првото коло, „црвено-жолтите“ загубија од Словенија со 1:6, а во второто коло повторно разочараа и загубија и од Косово. Останува да се одиугра уште средбата в недела против Украина од 17.30 часот.

Вечерва, Косово водеше со 4:2 по првото полувреме, македонската селекција направи пресврт и поведе со 5-4, но откако Косово израмни на 5:5, во финишот гостите беа подобри и дадоа уште два гола за освојување на три бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2019 11:03