Поранешниот јапонски репрезентативец, Кеисуке Хонда, очајно посакува да заигра за некој клуб, а доказ е и неговата објава на Твитер, во која се чуди зошто никој не му нуди договор.

Имаше шпекулации дека дури и клубови од Македонија и околината се интересираат за 33-годишниот фудбалер, поточно им бил понуден од неговиот менаџер. Во минатата сезона, Хоинда играше за Мелбурн виктори.

„Зошто никој не ми дава понуда? Сигурен сум дека уште сум еден од најдобрите фудбалери во Азија“ – напиша некогашниот играч на Милан, ЦСКА, Нагоја и други клубови, а се обиде и како селектор на Камбоџа.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2019 11:06